Општините почнаа да се соочуваат со високите сметки за струја, како резултат на енергетска криза. Општина Свети Николе за декември добила сметка за три и пол пати повисока во споредба со претходниот месец. Градоначалникот, Дејан Владев вели дека лани потрошиле три и пол милиони, а годинава во буџетот планирале десет милиони денари за струја.
Но се поизвесно е дека ќе се прават ребаланси на буџетот. Смета дека без помош од државата општините тешко ќе се справат со оваа криза, а ќе има и помалку пари за капитални инвестиции.
Општините имаат право да го тужат добавувачот на електрична енергија, но голем дел од нив нема да се одлучат на овој чекор, како што е штипското комунално претпријатие, бидејќи, како што вели штипскиот градоначалник, Иван Јорданов лани претходното раководство не платило шест сметки за струја.
Иста состојба е и во малата рурална општина Карбинци каде комуналното претпријатие должи 17 милиони денари, а со нова цена тешко ќе може да се плати и тековната сметка и ратата за стартиот наследен долг. Зголемување на комуналните услуги нема да има.