Покачување на пензии како никогаш досега најави вицепремиерот Фатмир Битиќи во синоќешното гостување на ТВ Телма.

– Сега со усогласувањето сите пензионери добиваат зголемени пензии за речиси три проценти. Се прават последните калкулации и очекуваме зголемување на пензиите во скоро време. Не можам да лицитирам со бројки. Не сакам да играм со методологијата, но покачувањето на пензиите ќе биде какво што не било до сега, рече Битиќи.

тој додаде дека „со тоа ќе покажеме дека имаме стабилен пензински фонд и дека се грижиме за оваа категорија граѓани“.

– Остануваме на ставот дека пензиите мора да се зголемат. Се додека правиме анализи не можам да зборувам за бројки, но ќе биде поинаку од претходно, рече Битиќи.

Не кажа до кога ќе траат анализите и кога ќе биде „историското“ покачување на пензиите.

– Ќе се воспостави до крајот на мандатот минимална пензија за да ја извлечеме одредената категорија на пензионери надвор од прагот на добивање пензија која што не е достоинствена. Минимална пензија ќе има, таа таргетира 45.000 пензионери и јас ќе одговорам, ако сакате да бидете солидарен, праведен и правичен, каква што е оваа Влада, таргетирате 350.000 пензионери, наспроти само 40.000, рече Битиќи.