Грчката полиција рано утрово спроведе нова акција во два објекти кои беа под опсада од 2016 година, во атинската населба Егзархија, и пронајде 34 лица сите странски државјани, јави МИА од Атина.

Во првиот објект биле пронајдени 33 лица, 16 мажи, девет жени и осум деца, а во вториот само еден странски државјанин.

Како што соопштуваат од грчката полиција, сите 34 лица биле одведени во Дирекцијата за странци за дополнителна проверка на нивните документи.