Новак Ѓоковиќ забележа нова победа над Рафаел Надал, откако Србинот победи во 6: 2, 7: 6 (4) во вториот натпревар од финалето на АТП Купот.

После победата, Србија го израмни резултатот на 1:1 и претстои одлучувачки дуел во двојки. Претходно денес, Роберто Баутиска Агут го совлада Душан Лајовиќ со 6:1, 7:5.

Ѓоковиќ ја запиша својата седма победа по ред над Надал на тврди терени. Неговиот последен пораз светскиот број 1 на оваа подлога беше во финалето на УС Опен 2013.

Минатата година Новак ја освои седмата титула на Австралија опен, а во битката за трофејот го нанесе единствениот пораз на Рафа во три сета во финале на Гренд Слем турнир.