Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се врати на првото место на АТП ранг-листата објавена денеска. По освојувањето на Австралија опен, 35-годишниот Ѓоковиќ со 7070 поени изби пред Шпанецот Карлос Алкараз (6730).
Третото место го зазема финалистот на Австралија опен Стефанос Циципас (6195).
Во Топ-5 светски тенисери се уште и: Каспер Руд (Норвешка) – 5765 бодови и Андреј Рубљов (Русија) – 4200.
Од првата „5“ испадна Шпанецот Рафаел Надал. Тој од второто падна на шестото место, откако не ги одбрани бодовите на Австралија опен поради раната елиминација. Надал загуби 1955 бода и сега има 3815.
Инаку, ланската година Ѓоковиќ доживеа непријатности на Австралија опен, каде што беше спречен да се натпреварува поради проблеми со (не)вакцинираност против коронавирусот.