На оваа снимка се слуша како Ден Дончев вели:
„Знаеш што е работа, јас побарав од Зоки да пуштиме инспекција, веќе ми пукна филм, ме мафтаа, отидоа снимаа, и веќе има кривичен наод против овој и тогаш они го ангажираат Медарски да ургира кај Заев и сега Медарски од една страна, јас од друга. Имаат испумпано милионски суми од тука, ја имаат направено фирмата загубар, а 10 милиони евра пумпаат на име на авторски права.“
Не е јасно за кого и за која фирма зборува Дончев, што се случило откако „они го ангажираат Медарски да ургира кај Заев“ и каков бил исходот од целата ситуација.
Но, во секој случај, вие ѕирнете фискалните, скенирајте и донирајте кај Груперка.