Милошоски во изолација, мајка му е позитивна, имале кратка средба на 22 јуни

/ 26.06.2020

Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски следните денови ќе биде во самоизолација.

Неговата мајка Светлана, медицинска сестра во болницата во Кичево, објави дека е позитивна на Ковид 19, а Милошоски и мајка му имале кратка средба на 22 јуни.

Mојата мајка Светлана Милошоска, која 40 години работи како медицинска сестра во болницата во Кичево, попладнево ме извести дека е позитивна на Ковид-19.
Веднаш по известувањето бев исконтактиран од надлежниот епидемиолог од Битола кој според здравствениот протокол ми пропиша мерка самоизолација до 6ти јули, заради кратката средба со мајка ми пред 5 дена во Кичево.

Мерката доследно ќе ја почитувам, како што ги почитував и правилата за носење на маска и честа хигиена во изминативе 4 месеци. До 6ти јули ќе имам две задолжителни тестирања од надлежните медицински лица. Инаку се чувствувам добро и засега немам никакви симптоми.
Она што ние како луѓе треба да го правиме е да ги применуваме заштитните мерки, да бидеме внимателни во однос на пандемијата, и да ги почитуваме советите на лекарите. Останатото е на науката и на Бога.

Ви благодарам за сите добри желби за моите родители и Ви посакувам добро здравје, соопшти Милошоски на „Фејсбук“.


Од истата категорија