Аукцијата на тениски трофеи и сувенири на легендата Борис Бекер заработи повеќе од 680.000 фунти. Најголем дел од сумата отишол за неговиот трофеј од „Ју Ес Опен“ во 1998 година – 150 250 фунти.

Педесет и едно-годишниот Бекер беше прогласен за банкрот од страна на британскиот суд во 2017 година во врска со долгот кон приватните банкари, „Арбут Латам и Ко“. Така во стечајната постапка беше објавена аукција за 82 предмети од личната колекција на Германецот.

На пример, „Дејвис“ купот бил продаден за 52.100 фунти, а Бекер, исто така, се простил од прстенот што го добил како член на тениската Куќа на славните.

Аукцијата требаше да се одржи минатата година, но беше одложена, бидејќи Бекер доби дипломатски имунитет против стечајната постапка по преземањето на улогата на спортски амбасадор во Централноафриканската Република.