Авганистанските власти соопштија денеска дека вооружени лица убиле двајца федерални обвинители додека се возеле кон аеродромот Баграм, северно од главниот град Кабул. Двајца други обвинители се повредени во нападот.
Тие пошле кон затворот на аеродромот Баграм, каде се наоѓаат приведените лидерите на Талибанците, меѓу кои и Анас Хакани, брат на заменик-шефот на Талибанците, Сирахудин Хакани.
Анас Хакани и уште двајца талибански заробеници требаше да бидат ослободени вчера во замена за американски и австралиски државјанин, но Талибанците соопштија дека тројцата затвореници не се појавиле на местото на размена, договорено од САД. Каде се наоѓаат овие тројца Талибанци засега не е соопштено.