Најмалку 30 цивили беа убиени во бомбардирања на САД врз неколку наводни објекти за производство на дрога во западен Авганистан во мај, соопшти агенција на ОН во извештај објавен денеска.

Американската војска веднаш ги оспори наодите.

Мисијата на ОН за помош во Авганистан (УНАМА) во соопштение нагласува дека „утврдила 39 цивилни жртви (30 смртни случаи, пет повредени и четири неодредени), вклучувајќи и 14 деца и една жена, заради воздушните напади од 5 мај“.