Лице од црната листа на кое му е забранет влез во Обединетото Кралство долетало со воен авион од Авганистан во земјата како дел од евакуацијата од аеродромот во Кабул, јави вчера „Скај њуз“.
Неидентификувано лице летало за Бирмингем, во централна Англија, додаде „Скај“. Нема детали за тоа што потоа му се случило.
-Во Авганистан имаше луѓе кои претставуваат сериозна закана за националната и јавната безбедност, изјави владиниот портпарол и додаде „поради оваа причина, владата спроведува детални проверки за да ги спречи оние што се осомничени дека се милитанти или претставуваат безбедносна закана да влезат во Британија“.
„Скај“ објави дека висок претставник на граничната полиција им рекол на пратениците дека пет лица на црната листа се обиделе да го напуштат Авганистан со британска помош и дека четворица биле запрени.
-Петтото лице успеало да се пробие до Бирмингем, кажа тој.