Бомбаш самоубиец активира експлозив на свадба во Кабул при што загинаа најмалку 63 лица и 182 се ранети, изјави портпарол на авганистанското Министерство за внатрешни работи.
Меѓу жртвите има деца и жени.
Нападот бил извршен во сала за свадби во западниот дел од Кабул во шиитски кварт. Речиси 1.200 луѓе биле поканети за свадбата.
Талибанците негираа дека се вмешани и го осудија нападот.