Народната партија на Австрија (ОВП), на Себастијан Курц, објави дека сака со одредби во кривичниот закон да го запре екстремизмот и да го забрани т.н. политички ислам.

Планот за борба против секаков вид екстремизам става посебен акцент на политичкиот ислам и десничарското движење Идентитаристи.

ОВП бара политичкиот ислам да биде забранет со закон и има намера да изврши притисок преку претходно побараното распуштање на „идентитаристите“.

За да се олесни ваквите групи да бидат урнати, ОВП сака измени во законот за здруженија.

Здруженијата, според планот, ќе можат да бидат  забранети и згаснати доколку во нив се шират „екстремистички ставови“.