Претставници на авганистанските талибанци и на САД в среда ќе почнат дводневни мировни преговори во Катар, но на нив нема да има претставници од властите во Авганистан, тврдат талибанци.

Талибанците отфрлија голем број барања на регионалните сили да овозможат и авганистански претставници да учествуваат во разговорите, инсистирајќи дека САД се нивниот главен непријател 17 години, а Кабул нивни „марионетски“ режим.

Минатата недела откажаа средба со американски претставници во Саудиска Арабија бидејќи Ријад бараше да бидат на маса донесени и претставници на авганистанската влада која има поддршка од Западот.

Разговорите ќе бидат четврти по ред меѓу талибанците и специјалниот американски пратеник Залмај Калилзад.