Изи џет и Бритиш Ервејз им порачаа на своите клиенти дека во следните неколку дена немаат намера да ги откажат летовите, откако британската влада синоќа ги советуваше да ги прекинат непотребните патувања во Шпанија поради зголемиот број заболени од Ковид-19.
ТУИ, најголемиот туроператор во Европа, претходно вчера соопшти дека ги откажува сите патувања за годишни одмори закажани за недела.
„Очекуваме нашите летови нормално да функционираат“, му соопшти „Бритиш ервејз“ на еден клиент на Твитер.
Претставник на сервисната служна на „Изи Џет“ на друг клиент му порача дека планираат цела недела да работат на нивниот однапред испланиран распоред.