Само преку отворен дијалог и координирано постапување, можеме да создадеме подобри услови за развој на македонското пчеларство и заштита на квалитетното домашно производство, напиша попладнево на Фејсбук, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, кој информираше за состанок на оваа тема.
– Пчеларите меѓу првите ги чувствуваат последиците од климатските промени, а нивното искуство е важно за навремено креирање соодветни политики. На средбата со претставници на Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија разговаравме за состојбите во пчеларството, влијанието на променливите климатски услови врз производството и потребата од поефикасна заштита на домашните пчелари од нелојалната конкуренција – соопшти Серафимовски на Фејсбук.




