Македонија е една од 32 земји кон кои летово ќе има директни летови од Малта, стои во објавата на Меѓународниот аеродром во оваа земја.
Од распоредот се гледа дека повторно се враќаат летовите кои беа прекинати поради пандемијата со коронавирусот. Сепак, се напоменува дека во зависност од рестрикциите за патување ќе зависи и распоредот на летови и може да се промени.
Според распоредот Македонците од 31 мај ќе можат директно да летаат до Малта со авиокомпанијата „Визер“.