Еден приватен авион се урна на пат во Тегусигалпа, Хондурас набрзо по полетувањето. Најмалку шестмна биле повредени, но ниту еден фатално, а на фотографиите направени веднаш по несреќата може да се види дека авионот се распаднал и оти е целиот во пена за гасење пожар.

Агенцијата за авијација на Хондурас соопшти дека авионот „голфстрим галакси Г200“ кој полетувал од Тегусгалпа, се урнал на крајот од пистата долга 2 км на меѓународниот аеродром Тонконтин, познат како еден од најопасните аеодроми, заради кусата писта и незгодната местоположба – се наоѓа на карпесто место и е опколен со населби.

Агенциите објавија дека не било познато кон која дестинација авионот се упатил, ниту кја е причината за уривањето, но се наведува дека зракопловот дента долетал од Остин, Тексас.