Борбени авиони на НАТО почнаа да го надгледуваат небото над Црна Гора, една година откако оваа земја стана членка на алијансата.
Грчки и италијански авиони изведуваа вчера вежби на небото над Подгорица, јави АП. Во агенциската вест се додава дека во вежбата на симболичен начин авионите на НАТО ја почнаа мисијата пресретнувајќи „натрапник“ кого го приморуваат принудно да се приземји.
„Од сега па натаму нашето небо и море се заштитени“, изјави министерот за одбрана Предраг Бошковиќ.
Откако во 2006 година Црна Гора се одвои од Србија во нејзината флота останаа само неколку хеликоптери.
Во веста на АП не се кажува дали вчерашниот инцидент над Пула, Хрватска, кога заради дефект морал принудно да слета авион на НАТО „Ф-16“, заради што бил нарушен и цивилниот воздушен сообраќај од најмалку еден час, е можеби дел од флотата која учествувала во вежбите над Подгорица.