Во авионската несреќа во Јужен Судан загинаа најмалу 17 луѓе. Пристапот на спасувачките екипи беше отежнат поради неодамнешните обилни дождови.

На местото на несреќата пристигна и јужносуданскиот министер за сообраќај, Мадут Баир Јел.

Според очевидци едно лице е пренесено во болница.

Се уште нема информации што доведе до пад на авионот Ан-26 кратко по полетувањето од аеродромот во Џуба.