Агенцијата за аудио и аудиовиозуелни медиумски услуги (АВМУ) ги осудува заканите што вчера беа упатени кон новинарската екипа на ТВ Клан во Кумановско и потсетува дека ваквите појави претставуваат загрозување на слободата на информирање.

Агенцијата, стои во соопштението, во повеќе наврати досега реагираше дека безбедноста на медиумските работници во ниту еден момент не смее да биде загрозена. Токму затоа, подвлекуваат од АВМУ, треба да се вложат максимални напори за да се креираат услови за медиумите професионално да си ја вршат работата, ослободени од закани и притисоци.

– Имајќи предвид дека само слободните медиуми водат кон унапредување на демократските процеси, апелираме да се остават новинарите непречено и достоинствено да ја вршат нивната општествено одговорна професија, се посочува во соопштението од Агенцијата за аудио и адуиовизуелни медиумски услуги.