Австралиец со албанско потекло од австралиската сојузна држава Квинсленд, е осуден на 17 години затвор порадо планирање самоубиствен напад на територијата на Австралија.

Осудениот 25-годишен Агим Крузеи беше уапсен во антитерористичка акција во местото Логан во април 2016 година, по што се изјасни за виновен по обвинението за подготовка на терористички напад и подготовка на упад во странска држава.

Обвинителот Линколн Кроули пред Судот изјави дека Круези планирал „да убие невини луѓе на јавен простор и на крајот да умре како маченик во тој напад“.

– Круези покажа поддршка за мачеништвото, бидејќи верува дека мачениците автоматски одат во рајот и дека и тој таму ќе одел набрзо, изјави Кроули.

При апсењето на Круези, во неговиот дом беа пронајдени полуавтоматско оружје, муниција, примерок од книгата „Џихад“ и знамето на групата Исламска држава..

Неколку дена пред неговото апсење, Круези набавил 10-литарска метална канта и стаклени шишиња со цел да изработи молотови коктели. Во неговиот компјутер биле пронајдени и видеа на кои се гледа како пука во макета од стиропор, како и упатства како се сечат глави.

Кога сакал да замине да војува за Сирија австралиските власти му го одзеле пасошот.

Судијката Рослин Аткинсон изјави дека не е убедена оти Круези немал екстремни ставови.

– Нема докази дека сте ги смениле ставовите. Не гледам никакви докази дека се каете, нагласи судијката.

Во моментот кога се оддалечувал од судската сала со лисици на рацете неговите роднини ивзикувале: „Многу набрзо ќе се видиме. Те сакаме“.

Круези може да биде условно ослободен по издржување на 13 години од затворската казна.