Австралија и Јапонија денеска потпишаа договор за безбедносна соработка, чија цел е да се спротивстави на растечката воена моќ на Кина. За време на посетата на Австралија, јапонскиот премиер Фумио Кишида се состана со неговиот австралиски колега Ентони Албанезе во Перт, Западна Австралија, за ратифицирање на 15-годишниот договор што беше склучен во време кога главната грижа беше поради нападите на џихадистите и ширењето на оружјето.
– Овој историски документ испраќа силен сигнал до регионот на нашата стратешка определба, рече Албанезе, поздравувајќи го потпишаниот договор меѓу двете земји.
Без директно да ги спомене Кина и Северна Кореја, јапонскиот премиер рече дека договорот е одговор на се покомплексната стратешка средина.
Ова е прва посета на јапонски премиер на Австралија од 2018 година.
Двете тихоокеански нации особено ќе се фокусираат на споделување разузнавачки информации собрани од електронско прислушување или сателити.
Договорот се смета и како дополнителен чекор кон вклучување на Јапонија во разузнавачката алијанса која ги вклучува Австралија, Велика Британија, Канада, Нов Зеланд и САД.