Првиот светски рекет  Ешли Барти и 14-та носителка Софија Кенин ја сочинуваат првата полуфинална двојка на годинашното издание на Австралија опен.

Ова е епилогот по денешните четвртфинални дуели во Мелбурн, на кои Барти ја совлада Петра Квитова со 7:6 и 6:2, додека Кенин беше поуспешна од Онс Жабер со 6:4 и 6:4.

За Кенин ова ќе биде прво полуфинале на еден Грен слем турнир.

Во другите две четвртфинални пресметки ќе се сретнат: Халеп – Контавејт и Мугуруза – Пављученкова.