Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето на Грен слемот Австралија опен, откако денеска го совлада Милош Раониќ од Канада во второто четвртфинале.

Бранителот на трофејот победи со максимални 3-0, по сетови 6:4, 6:3 и 7:6 за нешто помалку од три часа игра.

Во полуфиналето, Ѓоковиќ ќе се сретне со швајцарскиот тенисер Роџер Федерер кој претпладне го совлада Тенис Сандгрен со 3-2.

Новак Ѓоковиќ кој е втор носител, на турнирот во Мелбурн досега има седум полуфиналиња и во сите нив извојувал победа.

Воедно, ова ќе биде 50. пресметка меѓу Ѓоковиќ и Федерер. Досегашниот биланс е 26:23 за Србинот.