Првиот светски рекет Рафаел Надал не успеа да се пласира во полуфиналето на Австралија опен, откако попладнево загуби од Австриецот Доминик Тим со 3:1.

Во меч што траеше четири  часа и 14 минути, Тим ги доби првите два и четвртиот сет на тај-брејк со 7:6, додека Шпанецот беше поуспешен во третиот со 6:4.

Противник на Тим во полуфиналето ќе биде Александер Зверев од Германија.

Во другото полуфинале ќе играат вториот и третиот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ од Србија и Роџер Федерер од Швајцарија. з