Австралија денеска го одложи планираното повторно отворање на границите за студенти и квалификувани работници, наведувајќи ја неизвесноста за опасностите и преносливоста на новиот сој коронавирус Омикрон.
Австралискиот премиер Скот Морисон по вонредната седница рече дека отворањето нема да биде на 1 декември како што беше планирано и дека ќе биде одложено за најмалку две недели.
Тој рече дека ова „неопходно и привремено“ одложување се заснова на медицински препораки.
Границите на Австралија се затворени повеќе од 20 месеци за лица кои не се државјани.
Австралија регистрира пет случаи на Омикрон варијаната кај патници кои пристигнале од јужниот дел на Африка.