Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека е длабоко загрижен за изолацијата на земјите од јужна Африка, откако некои земји воведоа нови рестриктивни мерки во однос на патувањата поради новиот вид коронавирус – Омикрон.

– Ги повикувам сите влади да размислат за повторно тестирање на патниците, заедно со сите други соодветни и ефективни мерки, со цел да се избегне ризикот од пренесување на инфекцијата, рече Гутереш.

Генералниот секретар на ОН апелираше да се дозволат патувања од економски причини.