Средовечен човек загина, откако беше нападнат од ајкула во Западна Австралија и тој е осма жртва на ваков напад годинава во Австралија.

Додека пливал покрај плажа во популарно летувалиште во Индискиот Океан, 55-годишен маж бил нападнат од ајкула, па иако полицијата набргу се појавила на местото и му пружила прва помош на несреќниот човек, тој починал на самото место, пред да пристигне брзата помош.

Полицијата веднаш нареди затворање на плажата, а рибарските бродови започнале да патролираат и да ја обиколуваат областа каде што се случил нападот.

Ова е осми смртоносен напад на ајкула оваа година во Австралија.