Австралиската коалициска Влада на премиерот Скот Морисон денеска го загуби мнозинството во Парламентот, откако владејачката Либерална партија доживеа пораз на дополнителните избори за пратеничкото место кое остана испразнето по оставката на поранешниот премиер Малколм Трнбол.
На денешните дополнителни избори во сиднејскиот округ Вентворт, кандидатот за пратеник на либералите беше поразен од независната кандидатка Керин Фелпс.
Ова претставува прв пораз на либералите во изборната единица во Вентворт по цели 117 години.
По победата, Фелпс одби децидно да се изјасни како би гласала доколку во Парламентот се покрене иницијатива за изгласување недоверба на владиниот Кабинет, но навести дека се залага „за отслужување цел мандат на Владата“, кој истекува во мај следната година.