Австралија ќе го намали интервалот за примање на дополнителна доза на вакцина против Ковид-19.
– Сега интервалот е пет месеци, но од 4 јануари истиот ќе биде намален на четири месеци, а од 31 јануари ќе биде три месеци, изјави австралискиот министер за здравство Грег Хант.
Во Австралија повторно се бележат рекорден број новозаболени од сојот Омикрон.