Австралискиото списание Пикс во 1939 година објавило статија за Бугарија, во која наведува дека во оваа земја живеат 11 ралични националности, меѓу кои и Македонци.
Под наслов „Политички немири во Бугарија“, магазинот Пикс објавува прилог илустриран со фотографија:
„Бугарија има население од околу 6,5 милиони и 11 различни националности… Полицијата растера демонстрации на Македонците“, објавува во статијата магазинот Пикс.
Прилогот е објавен на социјалните мрежи со потпис С. Узунов.
Извор: 1939 Australian magazine, Pix: – Political Riots in Bulgaria:
“Bulgaria has a population of approx. 6.5 million distributed among 11 DIFFERENT NATIONALITIES… Mounted police disperse a demonstration of Macedonians”.
Како што е повеќе пати пишувано, во политичките и договорите меѓу историчарите на Македонија и Бугарија, од бугарска страна се бара, во учебниците во Македонија да се замени зборот „окупатор“ со „администратор“, како и да се бриши „фашистички“. И да се прифати од македонска страна дека „Македонците се производ на Коминтерната и Тито“ и дека „македонската историја почнува од 1945 година“.