Австриската министерка за европски прашања Каролина Едстадлер настојува имамите на територијата на ЕУ да се регистрираат.

– Во борбата против политичкиот ислам во ЕУ, по примерот на Австрија, треба да биде создаден европски регистар на имамите, истакна Едстадлер.

Според неа, повеќето од имамите патуваат без ограничувања во земјите на ЕУ, па затоа е важно властите да знаат кој во која џамија проповеда.

Таа нагласи дека „треба да се внимава средствата од новиот буџет на ЕУ да не стигнат до организации и здруженија, кои наметнуваат исламистички и антисемитски ставови.

– За таа цел ќе бидат потребни построги контроли на трошењето на буџетот на ЕУ. Треба да се воведе забрана за странско финансирање на џамии и муслимански здруженија, нешто што Австрија веќе го направи, истакна Едстадлер.