Австриската Влада денеска усвои пакет помош за поддршка на граѓаните во услови на високи трошоци за електрична енергија.
– Речиси сите домаќинства ќе добијат еднократна исплата од 150 евра (167 долари), изјави во Виена канцеларот Карл Нехамер.
Околу 750.000 луѓе кои се наоѓаат во многу тешка финансиска ситуација ќе добијат дополнителни 150 евра.
Освен тоа, државата одлучи да ја суспендира паушалната стапка за зелена електрична енергија оваа година, со што на секое домаќинство ќе заштеди околу 100 евра, а на просечно трговско претпријатие околу 67.000 евра, соопшти австриската Влада.
– Пакетот за помош, чија вкупна вредност изнесува 1,7 милијарди евра, е наменет „да спречи итни случаи“, истакна министерот за финансии Магнус Брунер.
Во Австрија, како и во многу други земји, цената на електричната енергија драстично се зголеми во изминатите месеци.
Во декември зголемувањето на трошоците за енергија е околу 24 отсто во однос на истиот месец во 2020 година.