Проблемите во управувањето со кризата предузвикана од коронавирусот доведоа до опаѓање на популарноста на владеачките партии во Австрија – Народната партија на канцеларот Себастијан Курц (ОВП) и вицеканцеларот од Зелените, Вернер Коглер.
Според истражувањето на јавното мислење на магазинот „Профил“, ОВП изгубила три проценти од потенцијалните гласови поради коронавирусот, а рејтингот на „зелените“, исто така, опаднал за еден процент.
ОВП во моментов може да смета на 37 проценти од гласовите, а Зелените на 14 проценти.
Од друга страна, австриската опозиција се засилува и добива на гласачи, бидејќи Социјалдемократската партија на Австрија (СЈО) може да смета на 22 проценти од гласовите на избиорачите. Оваа партоија само во последниот месец го зголеми рејтингот за два проценти.
Трета е Партијата на слободата (ФПО), која сега ги претекна Зелените, бидејќи може да смета на 16 проценти од гласовите, што е еден процент повеќе отколку пред еден месец.
Партијата Неос е на петтото место со непроменета поддршка од 10 проценти од австриските граѓани.
Меѓутоа, иако владеачките партии паѓаат во рејтизните, лидерот на ОВП, Себастијан Курц, и натаму е најпопуларниот политичар во Австрија, бидејќи во моментов 35 проценти од гласачите би гласале за него, иако е тоа пет проценти помалку од пред еден месец. И покрај падот на популарноста, тој и натаму е далеку пред сите други партиски лидери.