Шпанската крајбрежна стража во текот на ноќта спасила повеќе од 30 мигранти во близина на Канарските острови, кои тврделе дека на нивниот неизвесен пат преку морето настрадало едно деветгодишно дете.

Спасувачите соопштија дека малиот брод бил забележан минатата ноќ на околу 160 километри јужно од островот Гран Канарија.

Во чамецот имало 11 мажи, 20 жени и три деца, пренесоа американските медиуми.

Преживеаните мигранти тврделе дека деветгодишно момче им починало во текот на патувањето и дека неговото тело го фрлиле во морето.

Во текот на 2020 година, на Канараските острови пристигнаа околу 23.000 мигранти.