Неколку илјади мигранти од Хондурас од завчера се тргнати кон САД, а голема група од нив веќе притигнала во Гватемала, јавуваат светските агенции.

Полицијата, на контролните пунктови поставени долж автопатот, и во Хондурас и во Гватемала, на мигрантите им бара лични документи, но не се обидува да ги спречи во нивните намери.

Стотици мигранти го  носат знамето на Хондурас и скандираат додека ја преминуваат границата со Гватемала, на контролниот пункт Ел Флорида, јавува Гласот на Америка (ВОА).

Во првиот поголем карван мигранти годинава од ова централноамериканска земја има и жени и мали деца.

Помалку од една недела пред новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден да ја преземе власта, мигрантите очигледно се надеваат дека новата администрација ќе биде порасположена од администрацијата на Доналд Трамп за нивните молби за подобар живот, додава „Гласот на Америка“.

Гватемала, Хондурас, Салвадор и Мексико, меѓутоа, заедно преземаат мерки за безбедност и јавното здравје во врска со пандемијата на Ковид-19 за да го спречат неовластенот минување на границата.

Минатиот месец, властите во Хондурас го запреа карванот пред да стигне до границата со Гватемала. Минатата година, пак, властите на Гватемала растурија други карвани пред да стигнат до Мексико, додава „Гласот на Америка“.