Германската војска планираше да вежба бомбардирање над австриската покраина Тирол, но Министерството за одбрана во Виена, го одби таквото барање.

Блогерот Маркус Вилхелм објави дека германскиот Бундесвер предложил торнадо бомбардери да фрлаат бомби за вежба на полигонот Ватенер Лицум. Но, австриското Министерство за одбрана го одбило барањето.

Австрија е земја која се обврза на трајна воена неутралност, но е дел од програмата на НАТО – Партнерство за мир, преку која учествува во воените вежби со своите партнери.