Австрискиот министер за европски прашања, Гернот Блумел предизвика „модно-политичка“ бура, откако прошета по салата без чевли.
Блумел на вчерашната седница прошета во резеди чорапи, бојата на неговата Австриска народна партија (ОВП). Кај опозициската Социјалдемократска партија (СПО) тоа предизвика огромно негодување.
– Дали тоа Вас вашата политика ве извади од чевлите, господине министре Блумел, напиша СПО на официјалната Твитер страница, порачувајќи му дека треба да се засрами од таквиот однос.