Најмалку 19 лица загинаа денеска, а 12 се тешко повредени во сообраќајна несреќа во Бангладеш, соопшти локалната полиција.
Се претпоставува дека возачот изгубил контрола над возилото по што автобусот излетал низ заштитната ограда на неодамна изградениот автопат и паднал девет метри надолу во каналот.
„Несреќата се случила во Шибчар, на југот на земјата, а сите повредени се префрлени во болница во главниот град Дака“, изјави началникот на локалната полиција Масуд Алам.
Сообраќајните несреќи се чести во Бангладеш поради лошото одржување на возилата и патиштата, како и поради недоволната обука на возачите. (МИА