Една жена загина, а повеќе од 60 се повредени, од кои седуммина потешко, во автобуска несреќа во близина на Лајпциг, источна Германија, соопшти полицијата.
– Несреќата се случи синоќа на автопатот А9 во близина на Лајпциг. Се уште не е позната причината за несреќата. Во автобусот имало 75 лица, изјави портпаролот на локалната полиција.
Полицијата се сомнева дека возачот заспал и дека тоа е причината за несреќата.
Утрово е завршен увидот, а превртениот автобус е тргнат од местото на несреќата.
По речиси 12 часа, автопатот повторно е пуштен во редовен сообраќај.
Автобусот на компанијата Фликсбус возел кон Минхен.