Неколку лица се повредени откако возило денеска удрило во терасата од еден ресторан во градот Фонтејнбло, во близина на Париз.
На местото на инцидентот се испратени екипи на полицијата и брза помош.
На социјалните мрежи се лидеруваат снимки на кои се покажува како полицијата ја затвора областа во близина на палатата Фонтенбло, познат француски средновековен замок, додека една фотографија покажува црн автомобил среде терасата на ресторанот, со столици расфрлани околу него.
На едно видео, пак, може да се види како итните служби ги евакуираате повредените со помош на хеликоптер.
Првичните извештаи од теренот сугерираат дека во инцидентот се повредени три лица, додека страницата за вести Actu.fr објави дека се повредени најмалку шест лица.