Во Собранието следниот месец ќе биде доставен Предлог закон за анекс на Договорот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, со којшто ќе се продолжи рокот за изградба, најави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Се уште се преговара за колку време ќе биде продолжен рокот за автопатот што со сегашниот анекс на Договорот со изведувачот кинески „Синохидро“ истекува следниот месец. Со новиот анексот не се предвидени дополнителни средства за реалзиацијата на прокетот од сегашните проектирани 598 милиони евра.
-Во текот на јуни ќе влеземе во Собранието, со анекс на договор за овој автопат што ќе значи продолжување на рокот за изградба. Во овој момент Јавното претпријатие за државни патишта преговара заедно со Министерството за транспорт со изведувачите и кредиорите до кога ќе биде реалниот рок за да се изгради овој автопат и за да го продолжиме рокот. Но важно едека дополнителни средства во овој момент не се предвидуваат, изјави Бочварски, одговарајќи на новинарско прашање, откако се вакцинираше на вакциналниот пункт во Штип.
Прогресот на работите на автопатот изнесува 62 проценти, а Министерството за транспорт во изминатите месец и половина одобрило 20 од предвидени 70 инфраструктурни проекеи за измени на трасата.
-Работите на автопатот се со прогрес од 62 проценти, тоа значи дека од целата сума на чинење од 598 милиони евра на овој најголем инфраструктурен објект на државата се реализирани 62 проценти. Останатот процент на реалзиација се работи. Министерството за транспорт и врски во изминатите месец и полововина одобри 20 инфраструктурни проекти,со што на 20 позции даваме шанса за уште побрз развој на настаните и изградба на овој автопат. Тоа за мене е многу значајно бидејчи од 70 инфрструктурни прокети што ни стигнаа за 70 измени на овој пат веќе имаме одбренио 20. Отвораме силен фронт во оваа градежна сезона да продолжат активностите, рече Бочварски.
Автопатот од Кичево кон Охрид со должина од 57 километри почна да се гради во 2014 година од претходната власт и според првичниот договор требаше да биде готов во 2018-та. Рокот за изградба беше пролонгиран за јуни годинава.
Но, јуни е наскоро, а наместо чочек каков што имаше за отворањето на делницата од автопатот од Демир Капија кон Гевгелија, актуелната власт сега прави чочек за нов анекс договор и ново пролонгирање на изграбата.