Во февруари почнува изградбата на двете нови патарини на автопатот Скопје-Штип, што го изгради „режимот“ на експремиерот Никола Груевски.
Едната, во Преод, ќе чини 50, во Кадрифаково 70 денари. Ова значи неместо сегашните 40, патувањето од главниот град до Штип, во должина од 47 километри граѓаните ќе ги чини 160 денари во еден правец, објави ТВ Сител.
Планирано е да се модернизираат и петте постоечки наплатни рампи – во Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар, но од Државни патишта велат дека за сега, не се предвидени повисоки цени за овие патарини.
Со повеќе од половина година задоцнување, избран е конзорциумот Асeлсан Жикол, кој за 12,5 милиони евра ќе ги реконструира патарините.
Првиот чочек (на фотографијата) беше одигран за пуштање на тунелите од автопатот кон Грција кај Демир Капија, што исто така го изгради „режимот“. Засега нема на повидок кога ќе се заигра чочек за автопатот кон Охрид што „режимот“ го започна, а актуелнава власт тера втор мандат, а не го завршила. Ниту пак за автопатот кон Косово кој неколкупати е најавуван, а не е изгдарено ниту метар од истиот.