182 ден од 2023 година, над 200 милиони евра се префрлени на изведувачот на коридорите 8 и 10, без да биде почната некаква работа на терен, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– Осум месеци откако власта официјално ја отпочна изградбата на коридорите 8 и 10, на терен нема ништо, и таблата која ја поставија веќе избледе. 200 милиони евра се уплатени однапред, а на терен не само што нема отпочнато изградба, туку нема ни експропријација, ниту пак проект, народски кажано една лопата не е фрлена, а 200 милиони веќе 8-ми месец се на сметката на изведувачот. Власта спроведе криминогена постапка, уште со надзорот, кој наместо реномирана фирма од областа на градежништвото е фабрика за долен веш, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Со влада како СДС и ДУИ коридорите 8 и 10 никогаш не би биле довршени. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, порачаа од опозициската партија.