На изборите во ДУИ се случува циркусот како во Исламската верска заедница (ИВЗ) кога поранешниот реис го смени уставот на ИВЗ, вели Аднан Азизи, секретар во Движењето Беса.
– Во Исламската верска заедница, поранешниот реис-поглавар направи измени во уставот на ИВЗ. Суштината на измените беше дека муфтиите ги именува реисот, а тие гласаат за реисот. Значи му враќаат за неговата услуга за изборот и обратно. Сега во ДУИ се случува истиот циркус: Лидерот на ДУИ ги отстранува противниците, кои имаат различно мислење, од сите позиции во државните институции. Тоа е чистење, отстранување од партиските органи на директорите, кои ја поддржуваат групата со различно мислење, коментира Азизи во неговата објава на Фејсбук.
Тој додава дека „претседателот на партијата (ДУИ з.н.) во улога на монарх со укази за именувања ги одредува кандидатите за претседател на огранок“.
– Тоа е театар, што се прави, за да се очистат противниците на Артан Груби и Али Ахмети внатре во ДУИ. Го објавувам записникот за гласањето и потврдувањето на резултатите од гласањето за Месниот совет во кичевското село Црвевци, каде што се гласало за избор на членови на Претседателството на огранокот на ДУИ во Кичево. На ова избирачко место има 161 гласач, гласале 161 лице, а неважечки гласачки ливчиња се 137! Ова е демократија, а не шега: Ала ДУИ – ИВЗ! Нивниот сој краде и во сопствената куќа, коментира Азизи со иронија.
Инаку, денеска во ДУИ се одржуваат партиски избори, а од партијата се пофалија дека се пример за внатрепартиска демократија.