Десетина автобуси со војници кои се борат на страната на Украина синоќа ја напуштија челичарницата Азовстал во Мариупол, која со недели е под опсада на руските сили, јави синоќа Ројтерс, повикувајќи се на изјави на очевидци.
Според агенцијата, не е можно да се утврди колку војници имало во автобусите, ниту дали меѓу нив има повредени.
Се проценува дека во челичарницата има околу 600 војници.
Командантот на украинските сили во Азовстал, Денис Прокопенко изјави дека ја спроведува одлуката на воената команда за да ги спаси животите на војниците, но не го употреби зборот предавање.
Русија постигна договор со опколените украински војници за евакуација на ранетите во фабриката за челик Азовстал, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Во видеото кое го објави руското Министерство за одбрана, може да се забележи дека борците за Украина едвај одат и се изнемоштени, некои се изнесени на носилки од фабриката за челик.
Оваа слика од Азовстал потсетува на војната од 2001 година во Македонија, кога на идентичен начин, со автобуси, во вечерните часови беа извлечени припадниците на тогашната ОНА од опколеното Арачиново и однесени на безбедни позиции.
Видеото од предавањето на војниците од Азовстал може да го отворите ТУКА.