Дефанзивецот на Баерн, Давид Алаба ја отфрли понудата на клубот за обновување на договорот, објави „Sport1.de“.
Според германскиот портал, 27-годишниот Австриец ја одбил почетната понуда на Баварците затоа што сметал дека е неприфатлива. Состојбата со продолжување на договорот е комплицирана од пандемијата на коронавирус.
Претходно беше објавено за интерес за Алаба од Барселона.
Оваа сезона Алаба има 28 натпревари на сите натпреварувања во кои постигна гол и направи асистенција. зс/