Германскиот автомобилски производител Бе-Ем-Ве ќе стане акционер во фудбалскиот клуб Баерн Минхен, заменувајќи уште една компанија за автомобили – Ауди.

Портпаролот на компанијата соопшти дека се во длабоки преговори со фудбалскиот шампион за да станат негов официјален превозник.

Членот на одборот на директори на Баварците, Едмунд Штојбер прв објави за намерите. Пред неколку дена, тој откри дека првата задача на Оливер Кан како нов извршен директор во 2022 година ќе биде да го потпише договорот со баварскиот автомобилски концерн.