Тренерот на Баерн, Ханс Дитер Флик ги сумираше впечатоците од натпреварот од 21. коло во Бундеслигата одигран вчеравечер против Арминија. Баварците иако важеа за огромни фаворити, на крајот мораа да се задоволат само со бод (3:3).

– Во првото полувреме не браневме доволно добро, а противникот играше ефикасно и од два шанси постигна два гола. Плус, теренот за игра не беше оптимален поради снегот. Фудбалерите на Арминија покажаа дека знаат да играат фудбал. Тоа ми се допаѓа.

Во второто полувреме, нашиот тим покажа сензационален менталитет. Важно беше да се верува дека по 0:2 беше возможно да се сврти резултатот. Со оглед на заморот од долгите летови и натпревари од претходните денови, јас сум многу позитивен во врска со реакцијата на тимот. Генерално, можеме да бидеме задоволни со ова реми, го цитира Флик официјалната веб-страница на клубот.

По овој натпревар, Баерн со 49 бода е лидер во поредокот, Арминија со 18 бодови се наоѓа на 16. место.